Техничка поддршка
за граѓанските организации

Генерирање на фондови и пристап до ЕУ фондови

Генерирањето на фондови има многу различни значења, но најчесто, тоа се однесува на идејата за прибирање на средства од различни донатори.

Article Image

Целта на овој прирачник, насловен Генерирање на фондови и пристап до фондовите на ЕУ е да се зголемат капацитетите на ГО за генерирање општи, а и фондови на ЕУ, така што ќе може да се зголеми одржливоста на нивните организаци.

Download: Генерирање на фондови и пристап до ЕУ фондови прирачникот

Прирачникот за генерирање на фондови и пристап до фондови на ЕУ е организиран во два главни дела:

Дел I: Концепти наменет за подобрување на знаењата на читателот за главните аспекти на активностите за генерирање на фондови, вклучувајќи и генерирање на фондови од ЕУ. На почетокот на секое поглавје читателот може да има брз преглед на главните идеи кои се опфатени во поглавјето, како и на алатките кои може да ги користат во нивните организации. Читателите исто така се охрабруваат, одвреме навреме, да одделат неколку мига за размислување и да размислат за својата организација во светло на претставените концепти.

Дел II: Алатки наменет за да им помогне на читателите да ги применат теоретските концепти за да го анализираат/дијагностицираат капацитетот на нивната ГО за генерирање на фондови и да разработат стратегија за генерирање на фондови.

Читателите се охрабруваат да ги користат алатките работејќи во тимови со своите колеги.

Читателите треба да се чувствуваат слободни и да ги прилагодат концептите и алатките на специфичната состојба во нивната земја, да ги комплетираат со сопствените знаења и искуства, како и да ги споделат знаењата, вештините и искуствата со нивните колеги.