Техничка поддршка
за граѓанските организации

Што е P2P?

Програмата Луѓе за луѓе (P2P) беше една од трите делови на Структурата за поддршка на граѓанското општество, стратегија на Генералниот директорат за проширување на Европската Комисија (DG ELARG). Во септември 2013, P2P стана нова компонента на проектот ТАКСО.

Компонентата P2P нуди одлична можност за ГО во земјите од Западен Балкан и Турција за да го прошират своето знаење за ЕУ и пристапните процеси преку посети на европските институции, состаноци со европски ГО како и можност за вмрежување на меѓународно и регионално ниво. 

Под раководство на DG ELARG, ТАКСО има целосна одговорност да ги планира, да ги организира и да обезбеди понатамошна поддршка при реализирањето на настаните на P2P.

Настаните во рамките на програмата P2P ќе бидат објавени на социјалните медиуми на ТАКСО и на TACSO Web page. Општо, планирани се активности кои опфаќаат една земја или повеќе ИПА земји, како и повремени студиски посети во Брисел, други дестинации во ЕУ и во ИПА регионот.

Темите за P2P ќе бидат одлучувани на полугодишна основа и ГО можат да ги достават своите предлози за теми што сметаат дека се релевантни. Конечната листа на теми и активности ќе се одлучува во консултации со DG ELARG, Делегациите на ЕУ и локалните советодавни групи на ТАКСО.