Техничка поддршка
за граѓанските организации

Комуникација со партнери/засегнати страни и корисници

Граѓанските организации често се гледани како помагачи на промената во општеството. Тоа главно се должи на нивниот директен контакт со граѓаните и нивната способност да ги разберат потребите на обичните граѓани многу повеќе од државните системи или политичките партии. Затоа и нема да биде изненадување доколку се заклучи дека ГО често се гледани како мостови во нашите заедници или канали за комуникација кои исто така имаат и друга цел. Таа цел е да се создаде форум за решавање на проблеми така што ние исто можеме да ги видиме ГО како движечки мостови. Можат ли граѓанските организации да функционираат или постојат без врските со своите заедници? Ова е легитимно прашање бидејќи повеќето активисти веруваат дека граѓанските организации се потпираат на своите заедници за да ѝ дадат легитимност и цел на својата работа.

Заедно со претставниците на ГО од регионот, ТАКСО вложи напори да даде акцент на важноста на градењето на заедницата и комуникацијата. Регионалната конференција, Регионална конференција: градење на заедницата и комуникација на ГО, беше организирана во Сараево (ноември 2015 год.).

Главен производ од овој настан бешеВодич, Градење на заедницата и комуникација на ГО.  Водичот содржи инпут од работните групи на конференцијата за различни тематски области кои се важни за развојот на односите со заедницата, како и најдобрите пракси.

Download: Водич: Градење на заедница и комуникација на ГО