Техничка поддршка
за граѓанските организации

Развој на комуникациска стратегија

Преку работата на ТАКСО и врз основа на повратните информации, беше забележано дека многу ГО  се мачат со утврдување на стратегија во комуникациската област на своето работење. Со намера да го поедностави процесот што е можно повеќе, ТАКСО создаде Водич за изработка на стратегија за комуникации.  Овој водич  содржи подетални информации за процесот на создавање на стратегија, дефинирање на целите и утврдување на крајните рокови и евалуација.

Изработката на стратегија за комуникации претставува уметност, а не наука и постојат многу различни начини да ѝ се пристапи на оваа задача. Можностите да се има влијание и да се слушне гласот на организацијата може неочекувано да се појават. Затоа е важно да се има стратегија со цел да се зголемат шансите да се појават таквите можности и да се искористат истите кога тоа ќе се случи.

Овој водич во чекори треба да се користи како референтна литература. Образецот кој е обезбеден на крајот ќе помогне да се актуелизира стратегијата за комуникации на организациите

Без оглед дали стратегијата се развива за одреден период, за истиот период како за организациската стратегија или за конкретен проект, таа треба да го содржи следното:

  1. Изјава на намерата;
  2. Анализа на состојбата;
  3. Конкретни цели и комуникациски општи цели;
  4. Публики;
  5. Пораки;
  6. Алатки и активности;
  7. Ресурси;
  8. Временски рамки;
  9. Евалуација.

 

Download: Водич за развој на стратегија за комуникации