Техничка поддршка
за граѓанските организации

Користење на каналите за комуникација

Со цел максимално да ја искористат својата стратегија за пренесување на пораки, ГО треба да разберат кои комуникациски канали се најефективни за да допрат до своите засегнати страни и публики. Комуникацискиот канал е медиум преку кој се пренесува пораката до посакуваната публика, како што се печатените медиуми, радиодифузни или електронски медиуми. Иако медиумите се еден од главните канали за ГО во регионот, важно е ГО да ги истражат мноштвото други можности кога го планираат и селектираат комуникацискиот канал. Еден од главните годишни настани на ТАКСО беше регионалната конференција, Граѓанските организации и добрите пракси за користење на комуникациските каналиЦелта на конференцијата беше да се соберат претставниците на ГО за да се споделат добрите пракси за користење на комуникациските канали со посебен акцент на алатките на социјалните медиуми.

Download: Regional Conference: CSOs and Good Practices in the Use of Communication Channels