Техничка поддршка
за граѓанските организации

Регистрација во ПАДОР

Онлајн регистрација на податоци за потенцијални апликанти (ПАДОР) претставува онлајн систем во кој се регистираат организациите кои се потенцијални апликанти за повици за предлози и кои редовно ги ажурираат информациите за својот профил (правни, финансиски, итн.). Европската Комисија ги користи информациите регистрирани во ПАДОР во текот на евалуацијата на апликациите, како и за проверка на подобноста на организациите кои учествуваат во повиците за предлози.

Секоја организација во ПАДОР имаединствен број за идентификација (EuropeAid ID-EID). Организацијата мора да го наведе овој EID во апликацијата која ја поднесува за повик за предлози преку ПРОСПЕКТ, ИТ систем за онлајн поднесување на апликации.

ПАДОР (регистрација на организација) и ПРОСПЕКТ (поднесување на апликација) претставуваат два онлајн системи кои го поедноствуваат процесот на аплицирање за повици за предлози.

Беше забележано дека ГО често имаат потешкотии да се регистрираат во ПАДОР воглавно поради непознавање на англискиот јазик и сложената постапка за компјутерски бази на податоци, што ја намалува можноста на ГО да учествуваат како апликанти и партнери на повиците за грантови на ЕУ. Со цел да ги оспособи ГО и да ги зајкне нивните капацитети за извлекување на ресурси од фондовите на ЕУ, канцелариите на ТАКСО организираа бројни работилници и обуки за регистрација во ПАДОР.

ТАКСО изработи видео запис со цел да им помогне на ГО при регистрацијата.

 

Погледајте ги видео линковите на ПАДОР

  1. Вовед во регистрацијата во ПАДОР http://www.youtube.com/watch?v=9YZYtcGXq1I


    2. Онлајн регистрација во ПАДОР https://www.youtube.com/watch?v=8OICSrV1cxk

    3. Регистрирајте се во ECAS https://www.youtube.com/watch?v=BfPPv6RiBKk

    4. Логирајте се во ПАДОР https://www.youtube.com/watch?v=mMAaOJoKda4

    5. Идентификација https://www.youtube.com/watch?v=EuggZ7ep0Pk

    6. Административни податоци - https://www.youtube.com/watch?v=4A3POWeaUdM

    7. Профил- https://www.youtube.com/watch?v=pStUAJ7RYTE

    8. Искуство - Сектор https://www.youtube.com/watch?v=UqdheQe4yuU

    9. Искуство - Географско https://www.youtube.com/watch?v=oYZyLZzhnrM

    10. Вкрстениинформации - искуство https://www.youtube.com/watch?v=f46xstE-r2U

    11. Финансиска стабилност  https://www.youtube.com/watch?v=YX9VCbejT5M

    12. Ревизиски извештај https://www.youtube.com/watch?v=2N_DcCKfkDM

    13. Персонал https://www.youtube.com/watch?v=dTTmvrk3Xsg

    14. Одбор на директори https://www.youtube.com/watch?v=HAl3k2XXgZo

    15. Дополнителни информации https://www.youtube.com/watch?v=27pr5ivU-Tg

    16. Изјава за чесност https://www.youtube.com/watch?v=tpTnWXinm9o

    17. Ажурирање на информациите на ПАДОР https://www.youtube.com/watch?v=rr1ErBz_1mc

    18. Офлајн податоци за ПАДОР  https://www.youtube.com/watch?v=jY9DUv7_9oY

    19. Барање на партнер https://www.youtube.com/watch?v=207k6Cpgyr0

    20. Заборавена лозинка или Login https://www.youtube.com/watch?v=8bdG3Ik2ms0

    21. Контакти на ТАКСО https://www.youtube.com/watch?v=gtVkgTastdM

 

Исто така, ТАКСО изработи листа на Често поставувани прашања за користење на ПАДОР од страна на ГО. Таа листа ви е достапна подолу.

1. Ако организацијата е резултат на „спин-оф“на постара и искусна организација, дали ПАДОР обезбедува простор за објаснување на предходните и обемни искуства на новоформираната организација (т.е. предходни проекти спроведени пред „спин-оф“-от)?

 a. Да, иако не постои посебно поле за овој тип на податоци, страната за Стратегија и методологија нуди простор за 20,000 знаци за описни податоци за стратегии, методологии, филозофии и пристапи на вашата организација (Како да се избере земја/регион, проект, партнер. Услови за создавање на солидно партнерство, сопственост, итн.).

b. Да, бидејќи полето за датум на регистрација (на страната за профил во ПАДОР) не е меѓусебно поврзано со Секторската и Географската страна на регистрацијата. Така што дури и ако вашата организација е неодамна регистрирана, вие сè уште ќе можете да обезбедите податоци за предходното искуство на вашата организација кое датира после официјалниот датум на регистрација.

 

2. Како можам да знам дека мојата организација е регистрирана на ПАДОР?

a. Ако се регистрирате за прв пат, откако ќе ги пополните сите потребни полиња на образецот за регистрација во ПАДОР вие треба да ги поднесете сите податоци со тоа што ќе се потпишете во последниот чекор од регистрацијата. Со самото потпишување на податоците, ПАДОР автоматски ќе генерира EuropAid ID кој ќе стои на горниот дел од страната, што од N/A ќе премине во формат сличен на KO-YYYY-XXX-1234567890.

 b. Ако предходно сте се регистрирале, откако ќе се логирате на порталот на ПАДОР, проверете на горниот дел на страната за делот кој е именуван EuropAid ID и кодот (т.е. KO-YYYY-XXX-1234567890) следствено на ова поле е Идентификациониот број на вашата организација (ID), што значи дека веќе сте регистрирани. Доколку во делот стои N/A, тоа значи дека вие не сте ги пополниле сите потребни полиња и треба повторно да ги проверите внесените податоци.

3. Како можам да пристапам до ПАДОР, доколку ја имам заборавено мојата лозинка?

  1. Почнете на почетната страна на ПАДОР и кликнете на "Сте ја заборавиле вашата лозинка на ECAS".
  2. Кликнете наСè уште немате лозинкаилиСте ја заборавиле вашата лозинка”.
  3. Доменот за пристап до ПАДОР е секогаш "НАДВОРЕШЕН".
  4. Внесете го вашето корисничко име или "електронската адреса за логирање" (што предходно сте ги обезбедиле како Лично логирањена екранот "Идентификација")(видете точка 1.4.2. од Брзиот водич).
  5. Кликнете на "Побарајте лозинка за ECAS".
  6. Консултирајте се со вашата "електронска адреса за логирање"  (исто така проверете го вашето сандаче за спам) и продолжете.
  7. Напишете го вашето корисничко име, креирајте ја вашата лозинка и кликнете на "Поднеси".

Откако ќе ги направите гореспоменатите чекори вашата лозинка ќе се ресетира.

 

4. Доколку нема EuropeAid ID (ПАДОР ID), може ли мојата организација да користи привремен код за апликација, таканаречен Привремен LEF код (забелешка на ПАДОР: Привремените LEF кодови им се доделуваат на организации кои никогаш не добиле европски грантови)?

  1. Не, Привремените LEF кодови им се доделуваат на организациите кои никогаш не добиле европски грантови. Во ПАДОР привремените LEF кодови не се видливи. Тие се појавуваат како "N/A".
  2. Привремениот LEF код ѝ се дава на вашата организација кога ќе ја регистрирате во ПАДОР. Во ПАДОР овој привремен LEF се појавува како "N/A". Податоците за LEF се идентификуваат со ѕвездичка (*) и напишани се со портокалови букви (портокаловата боја се користи за задолжителни податоци).
  3. За проектна апликација ќе ви треба EuropeAid ID (ПАДОР ID), кој се генерира само откако ќе заврши регистрацијата и откако ќе се внесат сите потребни податоци.
  4. EuropeAid ID е единствениот код кој се доделува и кој е видлив за организациите кои никогаш не добиле европски грантови откако се регистрирале во ПАДОР.
  5. EuropeAid ID е единствениот референтен код (во рамки на ПАДОР) кој се бара од организациите во образецот на апликацијата за грантови на ЕК.

 

5. Ако мојата организација е регистрирана во Косово како МНВО, огранок од меѓународна организација, дали таа е подобна за апликација за грант, треба ли јас да се регистрирам во ПАДОР и дали мора да отворам нов ПАДОР или да го користам постоечкиот ПАДОР на матичната организација?

  1. Сите апликанти за грантови треба да бидат регистрирани во ПАДОР, ако насоките за повици за предолози бараатПАДОР Идентификационен број.
  2. Подобноста на МНВО за апликации за грантови треба да се прегледа во Насоките за апликации за грантови (за конкретен повик за предлози) или да се консултира контакт лицето на договорниот орган (EК) за понатамошни појаснувања.
  3. Во зависност од критериумите за подобност: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfxGkUB5phzde3ehCLZXIrQo_ESQpDnyZEt1s4qDqaR-VG9NQ/formResponse.
  4. Ако матичната канцеларија на МНВО е подобна и е апликант, тогаш треба да се користи постоечкиот ПАДОР Идентификационен број на матичната канцеларија
  5. Ако матичната канцеларија на МНВО не е подобна, а локалната (косовска) канцеларија е апликант, тогаш локалната канцеларија треба индивидуално да се регистрира во ПАДОР и да добие нов EuropeAid ID (ПАДОР ID).