Техничка поддршка
за граѓанските организации

Развивање на партнерства

Партнерството претставува двонасочен однос, што налага долгорочна посветеност меѓу две или повеќе страни чија цел е да споделат знаење, да ги зацврстат технолошките капацитети, да поттикнат иновација и да ја зајакнат конкурентноста. Партнерствата од овој тип вклучуваат интеракција и меѓусебна зависност и налагаат споделување на ризиците и трошоците, како и пристап до пазарот и моќ. Партнерствата може да постојат на многу нивоа, од национални или меѓународни стратешки алијанси на ниво на политики на едниот крај на континумот на партнерства до локално базирани практични иницијативи на другиот крај на истиот. Партнерството како модалитет на владеење е сè повеќе вообичаено во низа области на политики, вклучувајќи социо-економски, еколошки, граѓанско општество, итн., а и во рамки на политички системи од различен вид.

Кога се разгледува важноста на партнерствата во контекст на интеграцијата во ЕУ може да се идентификуваат неколку причини:

 

1)      Се решаваат приоритетните потреби, се создаваат сопственост и посветеност и се зголемува капацитетот за апсорпцијата на земјата/регионот;

2)      Поширокиот опфат на експертиза резултира со програми со подобар квалитет;

3)      Поголемата легитимност и транспарентност како контрабаланс на политичкото влијание ја поддржуваат демократијата;

4)      Се подобрува институционалниот капацитет преку институционално вмрежување и учење во рамки на организациите.

 

Проектните партнерства се исто така важни поради: економија на размер; кофинансирање; и градење на граѓанското општество/социјалниот капитал.

Download: Поддршка на идни активности за партнерство и вмрежување