Техничка поддршка
за граѓанските организации

Управување со мрежа

Мрежите се јавуваат во многу форми, претставувајќи широк спектар на договори за соработка. Најчесто, мрежата се состои од група на организации или здруженија чија цел е да ги зголемат своите индивидуални активности. Мрежите ги поврзуваат организации кои имаат желба да ги споделат искуствата, резултатите, вештините и информациите со цел да се стекнат со знаење и да го подобрат своето работење. Мрежата мора да биде ефикасна за успешно да се натпреварува со други организациски форми. Исто така, таа треба да биде атрактивна доколку сака учесниците да останат и да инвестираат во неа. Добивките треба правично да се делат со цел да се промовира доверба и да се поттикнува лојалност. Една од главните карактеристики на мрежата е тоа што таа не бара географска близина меѓу вклучените страни.

Главната разлика меѓу мрежите и партнерствата може да се забележи врз основа на бројот на организациските членови; мрежите вклучуваат повеќе организации, додека пак партнерствата вклучуваат само неколку. Покрај тоа, разликата меѓу нив е во тоа што организациите создаваат мрежи за да споделуваат информации и ресурси за секоја од нив подобро да ја извршува својата индивидуална работа, додека пак партнерствата претставуваат напори на соработка во однос на заедничка визија при што организациите се обидуваат да постигнат нешто заедно.

 Download: Поддршка на идни активности за партнерство и вмрежување