Техничка поддршка
за граѓанските организации

Вештини за генерирање финансиски средства

 Иако е од суштинско значење за одржливоста на вашата организација, генерирањето на фондови не е единствениот важен аспект на капацитетот на вашите организации. Во интерес на одржливоста, следните компоненти се подеднакво важни:

Капацитетот за испорака на програми и услуги вклучува:

  • Способност и посветеност за обезбедување на високо квалитетни програми и услуги кои се релевантни за мисијата;
  • Постоење на стандарди и други мерки за осигурување на квалитет;
  • Способност да се информира, едуцира, истражува и застапува.

 

Капацитетот за генерално управување вклучува:

  • Способност да се елаборира стратешки или бизнис план;
  • Стабилни пракси на управување;
  • Јасна организациска структура;
  • Одбор кој е инволвиран;
  • Административни системи кои добро функционираат вклучувајќи информативни системи за управување, вештини за допирање до јавноста, комуникација и медиуми.

Со цел да ги постигне својата мисија и конкретните цели, граѓанската организација (ГО) треба да ги направи одржливи своите активности преку покривање на своите трошоци со приход. Генерирањето на фондови има многу различни значења, но најчесто, тоа се однесува на идејата за собирање на фондови од различни донатори. Генерирањето на фондови вклучува низа различни активности изатоа, ќе се користи многу поширока дефиниција. Значи, во најширока смисла, генерирањето на фондови претставува процес преку кој вие имате пристап до неопходните фондови за да обезбедите проток на приход за одржување на активностите на организацијата. Вака дефинирано, генерирањето на фондови се однесува на сите активности кои се спроведуваат во ГО со цел да се обезбедат приходи кои се неопходни за одржување и помош на вашата организација да ја оствари својата мисија.

Капацитетот за финансиско управување и генерирање на фондови вклучува:

  • Солидно финансиско управување и контрола, вклучувајќи и системи за сметководство;
  • Способност за финансиско планирање, вклучувајќи и елаборирање на годишен оперативен буџет;
  • Добро концепирана и спроведена стратегија за генерирање на фондови;
  • Способност да се привлечат и задржат различни извори на финансирање.

Со цел да се зајакнат капацитетите за генерирање на фондови, ГО треба да ја заслужи довербата од страна на изворите на финансирање без оглед дали станува збор за поединци или организации. Довербата и лојалноста ќе расте и произлегува од внатре од организацијата. За активности за генерирање на фондови два аспекти се од суштинско значење: отчетност и транспарентност.

  • Отчетноста се однесува на тоа да се биде одговорен кон некој за преземените акции и да се биде во можност да се објаснат, разјаснат и оправдаат тие акции. Тоа значи дека некој има право да знае и да бара одговорност од вашата организација и дека вашата организација е должна да објасни и да даде отчет за своите акции.
  • Транспарентноста се однесува на тоа да се биде лесен за разбирање, отворен, директен и чесен во сите комуникации, трансакции и дејствија. Можно е да се биде отчетен преку обезбедување на долги и технички објаснувања за секој детал, но ако публиката лесно не ги разбира овие информации и ако самиот обем на информациите ги крие клучните факти, тогаш информациите не се презентираат на транспарентен начин. Отчетноста и транспарентноста одат рака под рака и налагаат да бидете свесни за тоа кому треба да дадете отчет, кои се важните информации и како најефективно тие да бидат искомуницирани.

Обука за тоа како да се напишат победнички предлози и да се мобилизираат ресурси

Прирачник за генерирање на фондови и пристап до фондовите на ЕУ

ТАКСО го изработи Водичот за генерирање на фондови и пристап до фондовите на ЕУ со цел да ги зацврсти капацитетите на ГО да генерираат фондови воопшто, како и фондови од ЕУ за да се задржи одржливоста на  организацијата.

Download: Прирачник за генерирање на фондови и пристап до фондовите на ЕУ

 

Водич за обучувачи: Генерирање на фондови и пристап до фондови на ЕУ

Целта на водичот е да обезбеди низа методологии и алатки за обука кои ќе се користат во настаните за учење на раководителите и персоналот на ГО, а и од страна на локалните обучувачи и консултанти кои се заинтересирани да им помогнат и овозможат на ГО да го подобрат своето знаење и вештини за активности за генерирање на фондови.

 

Download: Водич за обучувачи: Генерирање на фондови и пристап до фондовите на ЕУ

Download Videos:

Overview of EU financial assistance part 1

Watch: Overview of EU financial assistance part 2