Техничка поддршка
за граѓанските организации

Застапување и лобирање

Граѓанските организации се важен фактор во процесот за интеграција во Европската Унија.Тие ги претставуваат интересите, потребите и грижите на своето членство. Тие ги охрабруваат луѓето и организациите во борбата против сиромаштија и во промоцијата на човековите права, демократијата и другите суштински вредности, кои треба да го поддржат пристапот кон Европската Унија. Активностите за застапување и лобирање на ГО треба да додадат вредност со цел да се потврди дека и широката јавност и јавните власти ги разбираат и поддржуваат нивната кауза, стекнување моќ и кредибилитет.

 

Разликите меѓу застапување и лобирање

Целите на застапувањето и лобирањето се слични, но процесите се различни. Застапувањето е обид да се предизвика политичко дејствие со примена на методи како што се граѓанско образование и јавни кампањи за да се влијае врз донесувачите на одлуки.

Лобирањетосе однесува на влијание врз владата и нејзините лидери.

Постојат два вида на лобирање:

  • Директно лобирање;
  • Лобирање во локалната заедница.

Директното лобирање претставува комуницирање на вашите гледишта со законодавецот или член на персоналот или било кое друго лице вработено во владата кое може да помогне во изработката на легислативата. Со цел оваа комуникација да се смета за директно лобирање, таа мора да се однесува на конкретна легислатива и мора да го изразува гледиштето во однос на таа легислатива

Лобирањето во локалната заедница претставува обид за влијание врз јавноста за да го изрази своето одредено гледиште на законодавецот во врска со конкретен законски предлог. За да се смета залобирање во локалната заедница, комуникацијата мора да се однесува на конкретна легислатива, таа мора да го изразува гледиштето во однос на легислативата и мора да го поттикне примателот на комуникацијата да превземе дејствие во однос на легислативата.

 

Застапувањето е поширок збир на активности кои имаат за цел да го сменат јавното мислење или да добијат јавна поддршка.

Стратегијата за застапување може да вклучи активности како што се:

  • Статии во весници;
  • Лични приказни за тоа како се помогнало на поединец или група или како тие имале придобивка од организацијата или активноста;
  • Дистрибуција на промотивни материјали, итн.

 

Прирачник за застапување и влијание врз политики за општествена промена

АктуелниотПрирачник за застапување и влијание врз политики за општествена промена има за цел да ги зацврсти вештините за застапување на ГО, како и да влијае на јавните политики за да се придонесе за општествена трансформација

Download: Прирачник за застапување и влијание врз политики за општествена промена

 

Водич за обучувачи: Застапување и влијание врз политики

Исто така, ТАКСО изработи водич како онлајн ресурс за да го дополниПрирачникот на ТАКСО за застапување и влијание врз политики за општествена промена.

Download: Водич за обучувачи: Застапување и влијание врз политики

 

Регионалната обука за застапување и лобирање се одржа во април 2010 година во Тирана и имаше за цел да ги зајакне капацитетите на ГО за застапување и влијание врз политики за општествена промена, како и да им обезбеди на учесниците конкретни алатки и модели за практична примена.

Подолу ги имате достапни видео записите од обуката:

 

Watch: Policy Influencing I

Watch: A Strategic and Effective Advocacy I

Watch: A Strategic and Effective Advocacy II

Watch: A Strategic and Effective Advocacy III

 

Регионалната обука за застапување и лобирање за Рамковните партнерски договори и долгорочните грантови се одржа во февруари 2016 год.