Техничка поддршка
за граѓанските организации

Планирање на проекти и мониторинг и евалуација

За некои ГО може да претставува огромен предизвик да разберат како се донесуваат одлуките за инвестирање во рамки на институциите на ЕУ и како успешно да се аплицира за фондовите на ЕУ. Навистина, за многу ГО предизвикот изгледа како нерешлива мистерија. За организациите од Западен Балкан и Турција(ЗБТ), и покрај тоа што се географски, а и во однос на престојниот пристап, близу до ЕУ, процесите за финансирање од страна на ЕУ може да изгледаат мистериозни и фрустрирачки.

Ние го изработивме прирачникот за да помогнеме да се разјасни и објасни овој процес. Тој и дополнителниот комплет од алатки имаат за цел да им помогнат на ГО од Западен Балкан и Турција да го разберат процесот на пристапување и понатамошното успешно управување со фондовите од ЕУ. Тој не претставува сеопфатен водич за фондовите од ЕУ, а ниту е гаранција за успех кога се аплицира за истите. Сепак, тој е наменет да им покаже на ГО како тие може да станат поефикасни и поефективни во пристапувањето до и управувањето со фондовите од ЕУ.

 Прирачникот се состои од три дела: прво, вовед во кој се објаснува природата на фондовите на ЕУ и конкретните можности во регионот; второ, дел во кој се опишува како ГО може да се насочуваат од самиот почеток на процесот на идентификување на можности за финансирање до самиот крај кога даваат извештај за потрошените фондови; и трето, краток дел во кој се објанува како да се користи дополнителниот комплет со алатки, и на крај поимник и референтна литература.

 

Download: Прирачник за развој и управување со проекти кои се финансирани од ЕУ

Водич за обучувачи: Развој и управување со проекти кои се финансирани од ЕУ

Исто така, ТАКСО изработи водич во форма на онлајн ресурс како дополнување за прирачникот на ТАКСО за Развој и управување на проекти кои се финансирани од ЕУ. Целта на водичот е да ги покаже низата методологии и алатки кои може да се користат за многу различни видови на активности за учење за раководителите и персоналот на ГО, локалните обучувачи и консултанти кои се заинтересирани да им помогнат и овозможат на ГО да пристапат до и управуваат со фондови од ЕУ.

Download: Водич за обучувачи: Развој и управување со проекти  кои се финансирани од ЕУ

 

Мониторингот и евалуацијата (M&E) на помошта од Европската Комисија (ЕК) се присутни тука релативно долг временски период и развиени се важни методологии за M&E кои имаат за цел да го зајакнат мониториногот и евалуацијата на оваа помош со што ќе придонесат за нејзина поголема транспарентност и отчетност. Од системот за M&E од 1999 година, кој воглавно се фокусира на напредокот и ефикасноста на помошта, ЕК почна да се придвижува кон поставување на систем за мониторинг кој се базира на работењето.Од 2002 година, системот за мониторинг кој се базира на работењето или системот замониторинг кој е ориентиран на резултативо голема мера се применува од страна на ЕК како метод за оценување на работењето финансирано во рамки на различни инструменти на ЕК, вклучувајќи го и Инструментот за предпристапна помош (ИПА).

Заедно со евалуацијата, мониторингот е важен дел од Циклусот за управување со проекти (РПЦ) на ЕУ, кој се користи за да се опишат активностите за управување и постапките за донесување на одлуки во текот на животниот циклус на проектот. Тој помага да се обезбеди дека:

  • Проектите даваат поддршка на трансферзалните цели за политики на ЕУ и партнерите за развој;
  • Проектите се релевантни за договорената стратегија и реалните проблеми на целните групи/корисниците;
  • Проектите се остварливи, што значи дека целите може реално да се постигнат во рамки на ограничувањата на оперативното опкружување и капацитетите на агенциите кои ги спроведуваат;
  • Придобивките кои произлегуваат би биле одржливи.

Уште од самиот почеток, на ТАКСОму беше зададена важната задача за поддршка и мониторинг на проектите со грантови кои се финансирани од ЕУ и за обезбедување на поддршка за ГО во сите аспекти на спроведувањето на проекти.

Целта е да се подигнат стандардите и работењето на проектите кои се финансирани од ЕУ и да се подобри управувањето со проекти и проектниот мониторинг, да се создаде учење за креирање на понатамошни активности и да се подобри отчетноста на ГО и кај ЕУ и кај нивните проектни корисници и членството.

Земајќи го предвид сето гореспоменато, насоките обезбедуваат водство во спроведувањето на проектите кои се финансирани од ЕУ, како и водство во мониторингот на истите, со што се исклучува евалуацијата. Тој објаснува како ТАКСО ја гледа својата улога и придонес, каков вид на поддршка треба да обезбеди ТАКСО и на кој начин може да придонесе да се подобри квалитетот на секој  проект.

Download: Насоки за обезбедување на водство и мониторинг за проекти кои се финансирани од ЕУ