Техничка поддршка
за граѓанските организации

Организациски развој

ТАКСО користи различни пристапи за организациски развој со ГО.

Интегрираниот организациски модел (ИОМ)е  модел кој може да се применува за да се опишат, анализираат и дијагностицираат организациите. Како што е случајот со секој модел, ИОМ претставува поедноставување на комплексната реалност во која премногу различни аспекти влијаат еден на друг. Моделот треба да помогне да се даде одговор на поставените релевантни прашања.  Понатаму дали моделот ќе биде корисен во голема мера зависи од специфичната состојба, поставените прашања и знаењето и способноста на корисникот.

ИОМ  претставува интегриран (или интегрален) модел за да се нагласат меѓусебните врски на различните елементи на организацијата. Иако до одредена мера елементите може да се третираат одделно, тие сите се поврзани едни со други и, во идеални услови, во меѓусебен баланс. Кога нема јасен баланс меѓу различните елементи во рамки на организацијата или организациската единица, организацијата нема оптимално да функционира, а потребата за организациска промена ќе биде или ќе стане очигледна.

ИОМ нуди сеопфатна алатка со која различните елементи на една организација се поставуваат на свое место, без оглед дали станува збор за владин сектор, граѓанска организација, локална влада, организација на луѓе или приватно претпријатие. Со користењето на овој модел нема да се пропуштат важните елементи на организацијата. Сепак, тое е сеопфатен модел, и наместо да се гледа како алатка, тој може да се смета за организациски концепт. За длабински да се анализира една организација, може да бидат потребни повеќе специфични алатки, во зависност од конкретната цел на анализата. Сликата на организацијата која ќе се добие со примена на овој модел ќе биде онолку прецизна колку и квалитетите и искуството на корисникот.

Повеќе за ИОМ на: Интегрираниот организациски модел

Прирачник за организациско управување

Целта на актуелниотприрачник, Управување со граѓанските организации– Практични алатки за анализа на организацискиот развој, е да се зголемат внатрешните капацитети на ГО  за поефективно делување.

Не постои веројатност дека прирачникот ќе му понуди на читателот многу нови работи за засегнатата организација. Сепак, прирачникот може да предложи различни начини на тоа како се гледа на организацијата за која станува збор и како таа е поврзана со своето институционално опкружување. Исто така, прирачникот ќе ги поттикне организациите да си постават нови прашања за себе и за своите колеги, како и за другите организации. Тоа ќе им помогне да ги развијат своите капацитети, дури и кога тоа може да биде предизвик за нивните перцепции во однос на нивните организации и начинот на кој комуницираат со широкото работно опкружување.

Download: Прирачник за организациско управување

 

Водич за обучувачи: Управување со ГО

Водичот за обучувачи се базира на прирачникот Управување со ГО: практични алатки за анализа на организацискиот развој, а и последователниот курс за електронско учењена иста тема спроведен април-јули 2011 год. Со цел да имаат целосна придобивка од овој водич на корисниците силно им се препорачува да се запознаат со гореспоменатиот прирачник, бидејќи тој ќе се користи како главна литература за обуки и материјали за обуки.

Download: Водич за обучувачиУправување со ГО