Техничка поддршка
за граѓанските организации

Поддршка на програмата Структура за поддршка на граѓанското општество (ЦСФ)

Целта е да се подобри квалитетот на спроведувањето и достигнувањата на проектите финансирани од ЕУ.
Видови на интервенција: Обезбедување на водство, доколку е потребно, за спроведување и внатрешен мониторинг на проектите кои се финансирани од ЕУ.

Настаните во рамки на оваа цел покриваат различни области кои вклучуваат услуги на ТАКСО кои се во согласност со потребите на ГО; мониторинг на Насоките за поддршка на граѓанското општество во земјите за проширување на ЕУ, 2014-2020 година изработени од страна на Одделението за регионална соработка и програми за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување; помагање на комуникацијата и дијалогот меѓу ГО и Структурата за поддршка на граѓанското општество/ЕУ; и поддршка на спроведувањето на проектите на ГО кои се финансирани од ИПА.