Техничка поддршка
за граѓанските организации

Видливост на граѓанските организации

Целта е да се зголемат организациските вештини и знаење кои се потребни за поголема видливост на ГО, да им се помогне на ГО да дадат придонеси за видливоста на ГО кај широката јавност и да се придонесе за промена на перцепцијата на јавноста за ГО како субјекти за самовработување во перцепција дека улогата на граѓанското општество е инструмент за дијалог, споделување на информации и обезбедувачи на социјални услуги.
Видови на интервенција: Градење на капацитетите (организациски); развој на алатки за учење за видливост на ГО; обуки; обука на обучувачи; подучување; мониторинг; институционални конференции и работилници; промоција на активностите на ГО; и експертски мисии.

Комуникациските прашања и способности заслужуваат големо внимание со цел да се зајакнат напорите на ГО за остварување на нивната мисија на различни нивоа и теми. Активностите во рамки на оваа цел ги поддржуваат ГО да ги направат повидливи за широката јавност своите придонеси за општеството. Покрај тоа, ГО треба да го зголемат своето знаење и вештини за односи со јавноста и медиумите на национално ниво преку настани за обука на обучувачи, специјално направени обуки и работилници и округли маси на различни теми. На регионално ниво, настаните во рамки на оваа цел се фокусираат на собирање на претставници на ГО и медиуми да дискутираат за различни прашања и да разменат пракси и искуства.