Техничка поддршка
за граѓанските организации

Овозможувачка околина

Целта е да се придонесе за воспоставување на процеси во земјите и регионот кои се потребни за подобра интеракција на ГО со нивните засегнати страни, со цел да се постигне поголемо влијание и одржливост на иницијативите на ГО.
Видови на интервенција: процеси и настани кои се помогнати, управувани и поддржани од страна на ТАКСО и кои придонесуваат за институционален развој кој се однесува на ГО.

Целта на оваа компонента е да се придонесе за оформувањето на правилата, нормите, вредностите и интервенциите кои влијаат или го дефинираат институционалниот развој на ГО и некои аспекти на севкупниот развој во ЗБТ. Сите овие настани во рамки на оваа цел се концентрирани на зајакнување на соработката на ГО и дијалогот меѓу ГО и донесувачите на одлуки, како и други засегнати страни како што се приватниот сектор и медиумите. Настаните воглавно покриваат, но не се ограничени само на, влијание на политики, стратешка ориентација и мониторинг.

Треба да се избегнува вообичаеното мислење дека градењето на капацитети секогаш се однесува на развој на индивидуални или организациски вештини преку обуки. Предизвикот може да биде тоа што поединците и организациите имаат внатрешни капацитети и компетенции. Но често, индивидуалните ограничувања, кои постојат во опкружувањето и надворешните системи каде што организациите делуваат, ги спречуваат организациите да ги
искористат своите способности и компетенции.

Отстранувањето на таквите ограничувања во непосредното опкружување на организацијата бара вклучување на бројни засегнати страни на различни начини. Вклучувањето на засегнатите страни може да се постигне преку сензибилизирање на надворешните засегнати страни со примена на кратки обуки или сесии за подигање на свеста на теми релевантни за ГО и често преку помагање на процесите и дијалозите кои придонесуваат за посакуваните промени на ниво на овозможувачка околина.

Во овој пристап, ТАКСО ја спојува конвенционалната институционална/овозмножувачка околина со секторското учење. Ако постои желба да се зајакне овозможувачката околина за ГО, соработката и дијалогот меѓу ГО и донесувачите на одлуки и меѓу ГО и другите засегнати страни, важно е да се создаде простор за ГО активно и правилно да комуницираат со надворешната околина. Оваа околина се состои од непосредни ‘секторски пријатели’ како и други засегнати страни кои влијаат на опкружувањето во кое делуваат ГО.

Истовремено, важно е да се создадат можности и пракси за учење за да се придонесе за развој и резултати, како и поврзување и постигнување на кохерентност. Институционалното/овозможувачкото ниво е од голема важност за ГО бидејќи тоа го поддржува зајакнувањето на иницијативите на ГО, ги става на повисоките општествени агенди и им овозможува на ГО да управуваат со и да придонесат за промените поврзани со надворешните прашања за развојот, влијанието и одржливоста на ГО.

За ова ниво на учење, ТАКСО користи конференции, работилници, округли маси, дискусии и прегледи меѓу колеги на исто рамниште, студиски патувања, активности и настани за мониторинг и понекогаш интервенции на краткорочни експерти.