Техничка поддршка
за граѓанските организации

Организациски развој

Целта е да придонесе за организациски развој на ГО и мрежите преку нивна поддршка за развој на нови вештини, знаење и ставови кои се потребни за нивниот организациски развој, преку промовирање на вмрежување и партнерства меѓу ГО и преку обезбедување на информации кои се потребни за финансиска одржливост или преку давање на одговор на нивните итни оперативни потреби.

Видови на интервенции: развој на алатки за учење; обуки; обука на обучувачи; подучување; мониторинг; експертски мисии; настани за вмрежување, градење на партнерства; и ширење на информациите.

Намерата е ГО да се стекнат со индивидуални и колективни вештини, знаење и ставови, кои треба да им ги зацврстат нивните капацитети и компетенции за остварување на нивните мисии на регионално, национално и локално ниво во области како што се: анализа на политики, техничка анализа, управување со финансиските ресурси, итн., со цел да стекнат легитимитет или да се прилагодат и да создадат одредена важност или идентитет.

Активностите на ТАКСО во рамки на оваа цел се двојни: основни активности за ОГК и услуги за поддршка.
За основното ОГК, ТАКСО користи комбинација од стандардна обука, обука на обучувачи, менторство, подучување и развој на алатки за учење како поддршка на ОГК.

Услугите на ТАКСО, кои се сметаат за услуги за поддршка, придонесуваат за подигање на свеста, создавање на нови перспективи и отворање на нови прозорци за можност во врска со пристапувањето кон ЕУ, особено со законодавството на ЕУ, прашања за демократизација, конкретни можности за финансирање и програмирање, како и промени во правната и стратешката рамка која се однесува на ГО. Исто така, услугите за поддршка наметнуваат мотивирање и инспирирање на ГО, размена на искуства и барање на нови ‘секторски пријатели’ со цел да се вмрежуваат и да развиваат партнерства.

Преку своите услуги за поддршка, ТАКСО има за цел да им обезбеди на ГО навремени и потребни информации и инструкции со што ќе им помогне да ги надминат непосредните дилеми или ќе им ја даде потребната насока во нивните потфати. Услугите за поддршка на ТАКСО вклучуваат центар за поддршка, организирање на информативни настани, традиционалните настани Луѓе за луѓе (P2P), истражување и анализа.