Техничка поддршка
за граѓанските организации

Што е ресурсен центар

Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)


МЦМС веќе 20 години е значаен актер на граѓанското општество во Македонија и во регионот, заснован на вредности и интереси и нивно застапување и влијание врз општеството. Визијата на МЦМС е мир, хармонија и просперитет на луѓето во Македонија, на Балканот и глобално.

За исполнување на визијата, МЦМС ја дефинира својата мисија да предводи промени со нови и алтернативни решенија на општествените проблеми, кои влијаат на другите чинители и кои се вклучуваат во главните текови. МЦМС дејствува во секторите на социјална кохезија (вработување, образование, дијалог и културна различност), локален и рурален развој, граѓанско општество и добро владеење. Од 1993 г. МЦМС спроведе повеќе од 65 програми со реализирани преку 1.500 проекти со вкупен буџет од над 50 милиони евра.

Од октомври 2014 година, МЦМС е ресурсен центар на Националната канцеларија на ТАКСО во Македонија. Во времетраењето на оваа фаза на ТАКСО, МЦМС постепено ја зголемува својата вклученост во обезбедување услуги кои се комплементарни со активностите и програмите и во целост се согласни со приоритетите во стратешката цел на МЦМС – Вкоренето и динамично граѓанско општество.