Техничка поддршка
за граѓанските организации

Поранешна Југословенска Република Македонија

Тимот во Македонската канцеларија на ТАКСО се состои од два члена и тоа: Советник на проектот и Асистент за администрација и финансии.

Сунчица Саздовска

Сунчица Саздовска работи како Советник во Македонската канцеларија на ТАКСО проектот од 2009-та година. Нејзина одговорност е менаџирање на канцеларијата за техничка поддршка и вработените во проектот, обезбедување совети и поддршка на ГО и другите релевантни чинители, организирање и спроведување на информативни и партнерски настани и обуки, претставување на проектот во јавноста и воспоставување на конструктивно и поддржувачко опкружување за дијалог во политичката сфера за улогата на ГО во општеството.

Г-а Саздовска има завршено магистерски студии за економија и меѓународен менаџмент во областа на стратешки менаџмент. Таа има петнаесет годишно професионално искуство во областа на развој на граѓанскиот сектор работејќи како проектен менаџер, консултант и обучувач за повеќе проекти на национално и регионално ниво. Таа има докажано искуство во областа на планирање и управување со проекти, односи со донаторите, организациско јакнење на ГО преку развој на планови за градење капацитети и стратешко планирање, подготвување и спроведување на обуки за ГО, вмрежување и креирање партнерства и други.

Г-а Саздовска е и автор и коавтор на низа публикации и статии во областа на граѓанското општество, како „Управување со човечки ресурси за ГО“, „Индекс на граѓанското општество во Македонија“ и други.

Валентина Атанасовска

Валентина Атанасовска работи како Административен и финансиски соработник на проектот ТАКСО. Нејзините одговорности на проектот се состојат од сметководствено работење, финансиско планирање и следење на проектот, месечно известување, административна поддршка, превод на документи и други обврски. Г-а Валентина Атанасовска е дипломиран Професор по англиски јазик и книжевност и дипломиран Филолог по англиски јазик и книжевност – преведувачка насока. Исто така, таа има завршено постдипломски студии за деловна администрација на Northeastern Illinois University, Чикаго, САД, а сега е на втори постдипломски студии за- монетарна економија. Сепак, најголемото достигање во нејзиниот живот се нејзините две принцези Ана Марија и Магдалена.


TACSO Macedonian Office 

PO Box 55
1060 Skopje
Visiting address: st. "Nikola Parapunov" 41А
FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA
+389 2 32 25 340
E-mail: info.mk@tacso.org    
Suncica Sazdovska
Resident Advisor
Valentina Atanasovska
Administration and Financial Officer