Техничка поддршка
за граѓанските организации

Што е ТАКСО?

Мисијата на ТАКСО е да се зголеми и да се подобри капацитетот и дејствувањето на ГО како и нивната демократска улога. Преку активностите за градење капацитет, поддршката и помошта обезбедена од ТАКСО, целта е да се зајакне граѓанско општество и да се стимулира култура и опкружување поволни за граѓанското општество.

Техничка поддршка за граѓанските организации (ТАКСО 1) Проектот започна во август 2009, беше продолжен во 2011 и заврши во август 2013. Проектот ТАКСО 2 започна во септември 2013 и ќе се спроведува до август 2017.

Проектот ТАКСО е дел од Структурата за поддршка на граѓанското општество (CSF) механизам на ЕУ кој обезбедува поддршка за ГО во земјите кои сеуште не се дел од ЕУ. ГО играат важна улога за ЕУ, бидејќи тие се сметаат за клучен актер во обезбедувањето поддршка во пристапниот процес на своите земји. Затоа, целта на Структурата е да ги зајакне ГО со цел тие да можат активно да учествуваат во јавните дебати и да имаат капацитет да влијаат врз процесите на креирање политики и донесување одлуки.

Иако ТАКСО 2 ќе продолжи да работи во иста насока како и во минатите четири години, проектот ќе ги фокусира своите активности на следните четири прашања:

  1. понатамошно јакнење на улогата на граѓанското општество во демократизација на национално ниво и во пристапните процеси;
  2. подобрување на комуникацијата на ГО и зголемување на видливоста на нивниот придонес во општеството;
  3. поддршка во откривање нови стратегии и пристапи на мобилизирање ресурси, потребни за обезбедување оддржливост и развој на граѓанското општество; и
  4. подобрување на правната и институционалната рамка за делување на ГО.

ТАКСО 2 ќе се спроведува преку своите главни компоненти Луѓе за луѓе (P2P), градење капацитет на граѓанските организации и нивната видливост како и поддршка на CSF.

За повеќе информации за ТАКСО 2, може да ги симнете Брошурата за проектот и Информативниот лист за проектот.

За повеќе информации за првите четири години од проектот, може да ги разгледате Брошура 2010 и Брошура 2012.