Општата цел на Базата на експерти е да го поддржи градењето капацитет на ГО за демократски развој на регионот преку промовирање краткорочни експерти во Западен Балкан и Турција (ИПА земјите). Во базата има краткорочни експерти со претходно искуство на проектот ТАКСО и експерти без претходно искуство на проектот ТАКСО.
ТАКСО Базата на експерти е достапна за:
Експерти со претходно искуство на ТАКСО во различни сектори
- Сертифицирани учесници на регионалните обуки, кои ги завршиле своите задачи и последователните обуки.
- Експерти кои имале склучено договор со СИПУ Интернатионал и регионалната и/или националните канцеларии на ТАКСО за спроведување на активности во рамките на проектот ТАКСО (за горенаведените сектори) и кои се препорачани од Советникот на проектот, СИПУ и партнерите на конзорциумот, вработените во ТАКСО, фасилитатори на ТАКСО и членови на ЛСГ.
Експерти без претходно искуство во ТАКСО во различни сектори
- Други експерти со соодветно знаење и искуство во областите покриени од проектот ТАКСО и/или искуства на работење со или на проекти финансирани од ЕУ.
Заинтересираните кандидати кои ги задоволуваат горенаведените критериуми треба да пополнат Апликација на ТАКСО и Биографија во ЕУ формати да ги испратат на roster@tacso.org.
За повеќе информации видете во Насоки за ТАКСО базата на експерти или Е-маил roster@tacso.org.
ТАКСО не е одговорен за договарањето или финансиските прашања меѓу експертот во ТАКСО базата и клиентот.
Ги информираме краткорочните експерти дека откако ќе бидат прифатени во базата на експерти, нивната доставена биографија ќе биде достапна на веб-страницата на ТАКСО.